„Имавме одличен прв  круг на изборите и сакаме тоа да се повтори и во вториот круг, за доброто на сите граѓани и на целата држава “, изјави по денешната неформална средба со кандидатиоте за градоначалници од Охрид и Струга, американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер.


Според него, многу е важно за репутацијата на државата , изборите да бидат мирни, фер и демократски, но и за да почувствуваат граѓаните дека слободно можат да го изберат својот кандидат за градоначалник и за претседател.
„Ги охрабрувам сите граѓани, да излезат и да гласаат, да бидат дел од демократијата во Македонија“, апелираше амбасадорот Рикер.


Тој потенцира дека нема место за притисоци, уцени и закани, како и примена на физичка сила на денот на гласањето и изрази надеж дека и кандидатите за градоначалници и за претседател на државава ќе се придржуваат до изборниот кодекс на Националниот институт за демократија.


„Јасна беше пораката од амбасадорот, дека овие избори се од исклучителна важност за Република Македонија“, рече кандидатот з аградоначаник на охрид од СДСМ, Александар Петрески.

Како што рече Петрески, му напоменал на амбасадорот дека тие што треба да се грижат за редот за време на изборите не го прават тоа, туку спротивното.

„Побарав и министерката за внатрешни работи да и се даде задача на министерката за внатрешни работи, Јанкуловска, за да го напушти Охрид. Исто така побарав двата автобуси со инспектори кои ги малтретираат продавниците, фирмите и компаниите да го напуштат градот“, рече Петрески.


Како што најави Петрески, на средбата потенцирал и упатил апе дека да престане и, како што рече, гласањето со фломастери во различни бои преку кои се дозажува дадениот глас за владејачката гарнитура.

„Оваа средба беше многу корисна. Заклучивме дека избираме градоначалник на сите граѓани во општинава и дека треба да спротивставиме идеи и програми и начини како ќе ги реализираме, а помалку на делбите кои ги правиме во државава“, изјави кандидатот за градоначаник од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче.

Трендафилов рече дека државата максимално ги има ангажирано сите нејзини ресурси за да делува превентивно и да обезбеди регуларни избори.


На неформалната средба во ресторанот „Момир“, присуствуваа и кандидатите за градоначаник на Струга од ДУИ и ПЕИ, Рамиз Мерко и Фијат Цаноски, како и членовите на општинските изборни комисии од Охрид и Струга.

A. Р.
фото: Васко Бујароски