Евентуалните предвремени парламентарни избори засега претставуваат проблем за Државната изборна комисија, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на ДИК, Никола Рилкоски.
– Проблем кој ни се натура, или ајде да го наречеме предизвик, е евентуално распишување и на предвремени парламентарни избори, за кој што се заговара. Јас сега ги земам за шпекулации, значи ништо не е јавно, меѓутоа доколку се случи предвремени парламентарни избори да отпочнат во вториот круг на претседателските избори, тогаш пред нас се јавува еден сериозен проблем, во делот кадешто ќе се испомешаат датумите на едната кампања, на другата кампања, молкот. Тука ние се трудиме секојдневно да се подготвиме ако евентуално имаме предвремени парламентарни избори, да бараме решение, во секој случај ако биде така ние пред нас имаме голем предизвик и сега засега проблем, вели Рилкоски .
Претседателот на ДИК потенцира дека не станува збор за немање капацитет на Државната изборна комисија, туку за поклопување на термините, за што потребно е изнајдување на соодветни начини како да се преброди таквата ситуација, за која се поврзани одредени непознаници.
OhridNews
извор: РСЕ