Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд ќе се проба во боксерските води. Тој веќе ги поднесе потребните документи да биде прифатен како професионален боксер.

Фердинанд пред да биде примен официјално во Британската боксерска федерација мора да помине фитнес тестови за кои се подготвува веќе два месеци.

 

– Кога ми ја понудија шансата да се докажувам во нов спорт не се двоумев и ја прифатив веднаш. Боксот е неверојатен спорто за мозокот и за телото. Отсекогаш сум имал страст за тоа и овој предизвик е совршена можност да им покажам на луѓето дека можам. – изјави Фердинанд.

38-годишниот Фердинанд пред две години се повлече од фудбалот, но остана во него работејќи како стручен коментантор на БТ телевизијата.

OhridNews