Фудбалерот за врска, Ристе Маркоски ќе продолжи да ги брани боите на кичевски Влазрими потпишувајќи договор со клубот уште шест месеци.

Охриѓанецот беше трансфер желба на новиот член во Првата Лига, Младост и битолски Пелистер, но тој самиот одлучи да остане уште шест месеци во клубот.

Кичевчани, Маркоски ги засили минатата сезона во зимскиот преоден рок од Брегалница кога на клупата седна охридскиот стратег Драган Бочески.

Стручњакот доби отказ по слабите резултати на стартот од пролетната полусезона во Втората лига.

Мх.П.