Во Струга и денеска топ тема е аферата „Изгрев“ во која според полицијата се проневерени околу 6 милиони евра. Главни осомничени во случајот се косопствениците на фирмата „Миладинов“, браќата Ѓорѓи и Димитар Миладинови, кои со одлука на судот се во притвор. Нивното славно презиме предизвика посебен интерес во јавноста, за што по неколкуте медиумски натписи реагираа директните потомци на големиот Димитар Миладинов.

Ристе Миладинов-директен потомок на Димитар Миладинов, вели дека како и целокупната струшка јавност и тој е изненден од големата афера во која се осмничени најлмалку 16 лица. Сепак, вели Ристе Миладиниов, „јавноста не треба да не меша нас директните потомци на Димитар Миладинов со одговорните за аферата кои тоа не се“. Тој апелира до медиумите да не ги поврзуваат директните наследници на славните браќа Миладиновци со осомничените во случајот „Изгрев“.

Ohridnews