Благоја Ристески, долгогодишен фудбалер и тренер сега сопственик на школата Охрид 10 Јуниор фудбалскиот занает го “испечил“ во Германија, земја која е синомим за успех во спортскиот свет.


– Како фудбалер и тренер имам настапувано и работено во Германија, и тоа во многу клубови. По струка сум наставник по физичко образование а стекнатото знаење во најспортската држава сакав да го пренесам на помладите и затоа одлучив да отворам фудбалска школа Охрид 10 Јуниор за дечиња од 7 до 10 години – рече Ристевски и продолжи – За успешно да водиш фудбалска школа мораш да поседуваш неколку особини со кои ќе ги освоиш и доближиш дечињата. Мораш да знаеш како да работиш со дечињата, а пред се со нив треба да си педагог. За да се има фудбалска школа мора да се има и некои кретириуми, кои сите мораме да ги почитуваме за успешен развој на дечињата – потенцираше Ристески.


Германската дисциплина и посветеност е позната секаде во светот и затоа во спортот имаат преставник, кој може да донесе врни резултати.

– Условите во Македонија и Германија се неспоредливи. Тие пред 30 години во зими тренираа во игралишта со вештачка трева, а тоа тука до ден денес сеуште го нема. Во Германија дечињата почнуваат да тренираат од четиригодишна возраст, а тука во нашата школа примаме дечиња и од шест години. Ние поседуваме голем талент за разлика од таму, но тие тој дефицит го покриваат со макотрпна работа и тоа стручна – истакна Ристески.


Покрај Ристески во фудбалска школа Охрид 10 Јуниор, тренер е и Наум Јанкуловски, кој значително го збогати квалитетот во школата.


– За потребите во фудбалската школа Охрид 10 Јуниор го приклучив професорот по физичка култура Наум Јанкуловски, кој исто така ја познава работата и од стручен аспект многу им помага на дечињата. Ние заедно со тренерот Јанкуловски на секој тренинг покрај фудбалските часови имаме и мал разговор со дечињата за како поминуваат на школо или за проблемите со кои се соочуваат – заврши Ристески.


Фудбалската школа Охрид 10 Јуниор поседува своја соблекувална во просториите од СРЦ “Атина Бојаџи“, а вратата за сите дечиња кои сакаат да се запознаат со  фудбалската магија во школата е секогаш отворена.

Михаил Постоловски