На квалификациите на 400 метри на 13-то Светско првенство во атлетика за младинци-ки (до 19 години), кое од 19 до 25 јули се одржува во Монктон (Канада), настапи единствената наша преставничка, Христина Ристеска.  

Ристеска постигна резултат од 58.80 секунди (нејзиниот личен рекорд е 57.87 секунди постигнат минатата година на Балканијадата во Грција, оваа година нејзиното најдобро време е 58.10 секунди), со што го зазема 7 место во нејзината група или во вкупен пласман беше 36-та од вкупно 38 натпреварувачки.

Најдобро време  во квалификациите на 400 метри постави  Шон Милер од Бахамите со резултат од 52.45 секунди.

Ohridnews