Македонскиот репрезентативец Стевица Ристиќ се повреди на вчерашниот претпоследен тренинг во Абу – Даби пред утрешниот натпревар на Поханг со Мазембе, што значи дека тој нема да настапува на Светскиот куп, односно светското клупско првенство во ОАЕ.

– Навистина немам среќа. Како да ме бие некој малер. На вчерашниот тренинг овде, во Абу – Даби имав еден највообичаен дуел со еден мој колега. Незгодно доскокнав на левата нога и веднаш почувствува остра болка во пределот на зглобот. Веднаш ми беше снимен зглобот и лекарскиот наод вели дека повредата не е толку опасна, но не е ниту занемарлива – вели во изјава за Македонски Спорт, Стевица Ристиќ.
Ристиќ ќе остане заедно со клупските колеги кои ќе ги бодри од трибините.
Ohridnews










