Борко Ристовски беше брилијантен на голот од Македонија против Австрија интервенирајќи 20 пати, а вклучувајќи го и последниот шут на австријците, со кој ја запечати минималната победа 22-21.

Покрај победата Ристовски го исполни ветувањето до капитенот на селекцијата дека ќе зад неговото име ќе запише повеќе од 15 интевенции.
– Јас си го направив своето, а Лазаров не. Сега на него останува на него да ја почести со вечера целата репрезентација откако не стигна до ветените 12 голови – заврши Ристовски.
Македонија во втората фаза ќе биде осетна засилена со приклучувањето на Немања Прибак во селекцијата откако паузира поради правни работи.
Мх.П.










