„Може да разговараме само за техничко подобрување и отстранување на многу мал број проблеми кои се појавија, за да ги немаме догодина“, изјави Ристовски.
Според него, невладините организации треба да се активни, но овојпат реакцијата на Младинскиот образовен форум (МОФ )е задоцнета и во оваа фаза од процесот е без ефект.
„Екстерното го доведовме во завршна фаза. Прва година беше и уште на самиот почеток кажавме дека имаше минимални пропусти кои догодина ќе бидат отстранети. Петицијата во оваа фаза е непотребна зашто дополнително создава забуна. Ние вчера добивме иницијатива од МОФ за средба на која тие би сакале да ги презентираат нивните идеи за подобрување на екстерното. Мене ми е многу драго, зашто никаде не велат дека е лошо и дека не треба да се спроведе, туку во дописот имаат иницијатива како да го коригираме за догодина“, рече Ристовски.