Единствена светла точка на мечот со Исланд во македонскиот состав беше голманот Борко Ристовски, кој 16 пати интервенираше успешно. Репрезентативците на Македонија не ја искористија фантастичната партија на Ристовски и прв пат на мундијалот салата во Севиља ја напуштија со наведнати глави.


– Исланд е искусна селекција, а тоа го докажаа на натпреварот против нас. Во сите моменти беа смирени и знаеја што посакуваат, ние сме релативно неискусна селекција со три настапи на големи натпреварувања. Од поразот треба да извлечеме само позитивни работи и да не ги повтурваме негативните на наредните мечеви од Светското првенство – истакна Ристовски.

По поразот од Исланд избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски на мечот со Русија мораат да триумфираат со пет голови разлика и во последното коло да не претрпат пораз од Данска за да ја избегнат Франција во 1/8 финалето.

– Русија е далеку поквалитетна селекција од Исланд, затоа не треба да се залетуваме на сигурен триумф. Ќе одиме чекор по чекор, прво да обезбедиме предност а потоа ќе мислеме на победа со повеќе голови разлика. Не се предаваме така лесно и ќе дадеме се од себе за националниот дрес – заврши “министерот за одбрана“ Ристовски.

Мх.П.