– Останувам во ракометот, немам намера да станам министер за одбрана и да ги расипувам плановите на премиерот – рече неофицијалниот “министер за одбрана“ голманот Борко Ристовски.

Ристовски наомена дека навивачите биле еден од главните двигатели на овој состав кој успеа да забележи голем успех.

– Бескрајно сме благодарни за поддршката што ни се даваше и кога победувавме и кога губевме. Одиме понатаму, пред нас се нови предизвици и очекувам да продолжиме во ист стил, бодрени од навивачите“ – порача Ристовски од плоштадот Македонија.