Италијанскиот судија Никола Рицоли им буди лоши спомени на англичаните во пресрет на мегапресметката против Франција.


Рицоли пред две сезони го водеше финалето од Лига Европа купот каде Фулам предводен од сегашниот селектор Рој Хоџсон претпре пораз по продолжението од Атлетико Мадрид.Хоџсон по тој меч го напушти Лондон, и трансферираше во Ливерпул каде не остана долго.

 

Никола Рицоли има 40 години, и во последните 10 сезони е еден од најдобрите судии во Серија А.

Но, менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон имаше забелешки на неговата арбитража по поразот од Баерн Минхен во лигата на шампиони 2010 година , велејќи дека германските фудбалери извршиле притисок врз него за да го исклучи Рафаел. Мечот заврши со победа од 3-2 за Мен Ју, но “баварците“ продолжија“ понатаму.

Мечот меѓу Англија и Франција ќе стартува во 18 часот.