Италијанскиот арбитар Никола Рицоли плачел во соблекувалните по завршувањето на финалето во Лигата на Шампиони во кое Баерн Минхен ја совлада Борусија Дормтунд со 2-1.


Изливањето на емоциите биле од чекањето да дојде неговиот ментор Пјерлујџи Колина да му каже оценка и како е задоволен од неговото судење.

– Бев сам во соблекувалната, погледнав на трибините, навивачите на Баерн Минхен сеуште славеа, а на Дортмунд тагуваа. Тогаш чувствував голема тензија и заплакав. Убеден бев дека добро го судев финалето, но мислењето на Колина ми беше најважно. Кога влезе во соблекувалната го задржав воздухот ме гледаше неколку секунди и ми рече “Добро направено, одлични бевте сите“. Тогаш ми падна камен од срцето и емоциите исчезнаа, а останаа само спомените од волшебната ноќ на „Вембли“ –
рече за италијанските медиуми, Рицоли.

42 годишниот Италијанец од 2007 година е со знакот на ФИФА, а од Европското првенство во 2008 година во Австрија и Швајцарија е редовен учесник на големите фудбалски збиднувања. Овогодинешново финале во Лигата на Шампиони му е најголем дострел во кариерата.

Мх.П.