Поранешниот фудбалер на Барселона, Ривалдо успеа да ги обедини моментално двете најголеми фудбалски ѕвезди Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Ривалдо во Бразил и Ангола поседува агенција која работи со социјални случаи. По завршувањето на “Ел Класико“, дресовите на Роналдо и Меси завршиле во рацете на Ривалдо.

Тој тие дресови ќе ги стави на аукција и собраните парични средства ќе ги искористи за развој на неговата агенција.

Мх.П.