– Вакво натпреварување со среќен крај нема ни во еден филм во Холивуд – рече селекторот на Шпанија, Ривера и додаде – Сеуште неможам да верувам. Им благодарам на играчите кои четири години работеа напорно за да го оствариме сонот на оваа генерација.

“Црвената фурија“ во финалето одиграно во Барселона ја преслуша Данска со 16 голови разлика и обезбеди место во историјата со најубедлив триумф во натпревар за златото.

Овој е најважен ден во мојот живот, Барселона е мој град, а тука живеа и мојата фамилија, пресреќен сум ! – заврши Ривера.  

Мх.П.