– Ја почитуваме македонската репрезентација која во изминатите години се покажа на високо ниво и секако ние бевме максимално сконцетрирани и сериозни за овој дуел во Скопје. Ни недостасуваа неколку играчи, но за тоа остантите кои ги заменија завршија добра работа. Сега патот кон ЕП за Македонија е комплициран, но верувам дека со својот квалитет може да одиграат најдобро до крајот на циклусот. Од друга страна, многу сум среќен за победата, на што ќе се надеваме и веруваме пред нашите навивачи со што би станале и официјални учесници во Данска 2014 – потенцираше селектор на Шпанија, Ривера.
Шпанија веќе во четвртата рунда ќе може да го запечати пласманот на ЕП кога на домашен терен ја пречекува Македонија.