Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Данската агенција за менаџирање со катастрофи ДЕМА  во Охрид организира Семинар на тема “Проценка на ризици на локално ниво”.

Овој семинар е прв од ваков вид кој ќе овозможи размена на практични искуства помеѓу учесниците во полето на проценката на ризици од катастрофи со посебено нагласување на усогласувањето на методологијата за проценка на ризикот од катастрофи и стратешка комуникација во вонредни ситуации на национално и локално ниво. Семинарот ќе понуди можност сите учесници да се вклучат во отворена дебата за постојната пракса од областа на интегрираниот пристап за проценка на ризикот од катастрофи и алатките за донесување одлуки за системот за рано предупредување и интегрирани информации (и статистика во реално време) за севкупно успешно справување со катастрофите, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување .

OhridNews