Р.К. Металург : Можевме против Барса и ПСЖ зошто да не и против Кил
01.04.14 13:35
Желбата им се исполни на поголем дел од ракометарите на Металург кои го посакуваа германски Кил за противник во 1/4 финалето. Пулените на хрватскиот стручњак Лино Червар првиот дуел го играат во Скопје.
– Мечот против Кил ќе биде уште еден ракометен спектакл. Добивме еден противник во фудбалски жаргон како Реал мадрид. Некои ракометари го посакуваа токму Кил, верувам дека имаа причина поради која го посакуваа тоа. Сеедно се работи за едно големо име, а Металург сезонава покажа дека и големите имиња можат да загубат во Скопје. Се надевам оти таа низа ќе продолжи и после Барселона, ПСЖ ќе падне и Кил. Не посакував македонска пресметка во оваа фаза, но секако дека нема да имам ништо против да играме во полуфуиналето на фајн фор – истакна Зоран Цветаноски преставник на Металург на ждребката во Виена.
Од таборот на германскиот ракометен гигант се многу претпазливи пред двомечот со Металург и имаат само пофални зборови за атмосферата во „Борис Трајковски“.
– Се радувам на мечевите против Металург и не очекува тешка задача, поготово во Скопје. Каде атмосферата е прекрасна и величествена. Ние имаме за цел да бидеме меѓу најдобрите во Европа, но мора да одиме чекор по чекор – рече Сабине Холдорф Сус преставничката од Кил.
Од денес официјално започнуваат пријавите за јубилејното десетто издание на еден од најголемите спортско-рекреативни настани во Македонија – „Охрид трчаТ“, кое ќе се одржи викендот 5-7 јуни, 2026 г...
Пред нас е една тешка недела, каде имаме два тешки натпревари Во среда ни доаѓа екипата на Алкалоид, квалитетна екипа која претендира да биде во врвот на македонскиот ракомет, изјави капитенот на Г...
Во среда, 12 ноември, официјално започнуваат пријавите за јубилејното десетто издание на еден од најголемите спортско-рекреативни настани во Македонија – „Охрид трчаТ“, кое ќе се одржи викендот 5-7...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.