Со оформувањето на женскиот ракометен клуб Моби Дик 2012 најпопуларниот спорт во Охрид, ракометот добива нов расадник.

После долги години апстиненција женскиот ракомет се враќа на спортската сцена во Охрид, со ракометарките ќе работат тројца тренери кои професионално се занимаваат со ракометот.

Тренинзи ќе се одвиваат три пати неделно, а тие ќе се одржуваат во спортската сала “Билјанини Извори“.

Мх.П.