Со победата во Прилеп над истоимениот вторилигаш, охридските ракометари се сместија во горниот дел на табелата. Разноврсноста во нападот им даде дополнителен штимунг на охриѓани со трите бода да се вратат од градот под “марковите кули“.

    Натпреварот со Прилеп, беше исклучитено тежок, игравме со респектиран противник, кој има суперлигашко искуство. Дисциплинираната игра во нападот во првото полувреме ни овозможи да бидеме далеку поефикасни во споредба со другите натпревари. Меѓутоа и искусните играчи на противникот во првото полувреме лесно ја разбиваа нашата одбрана. На тајмаутот тренерот Андоновски реши да ја промени тактиката во одбраната. Тоа вроди со плод, прво направивме комотна предност која ја одржувавме до крајот на натпреварот – истакнаа од клубот Охрид 2011.

Ракометарите немаат премногу време за славење,  веќе в недела во стандардниот термин 17 часот во спортската сала “Билјанини Извори“ ги очекува дуел со Младост 09.

–    Следниот натпревар в недела против Младост од Богданци ќе биде предизвик за нас.  Богданчани играат одлично оваа сезона и се мошне незгоден  противник без разлика дали играат на домашен или на гостински терен. Ќе бидеме претпазливи, особено со нивниот најдобар играч Арнаудов кој е инзвондреден ракометар. Тој може сам да ја креира играта на гостите  – потенцираше Атанас Поп Стефанија.

Од клубот ги повикуваат сите љубители на ракометот и спортот во Охрид да дојдат во што поголем број и да го бодрат ракометниот состав до нова победа.

Мх.П.