Младинците од ракометниот клуб Охрид и ракометарките на Лихнид од 22 до 24 април ќе учествуваат на турнирот во Златибор, Србија.
На турнирот кој го носи името „Златибор за пријателство“ ќе бидат дел вкупно 27 екипи од пет земји, а ќе се натпреваруваат во четири возрасни категории.
Младинците од охридскиот ракометен клуб ќе се сретнат со Требеша, Бријшче, Кронос, Славија, Слога, Ариље и Ужице додека „китовите“ силите ќе ги одмерат со Требеша, Радан Лебане, Подгорица и Високо.
Учеството на турнирот во Златибор ќе биде второ заедничко искуство за младинците на РК Охрид и РК Линхид откако прв пат заедно се натпреваруваа во Србија.
РК Охрид и ЖРК Лихнид на турнеа во Србија
Мх.П.