Ракометниот клуб Охрид продолжи да нижи признанија по успешното завршување на 2015 година во која направија историски успех обезбедувајќи пласман во плејофот во Супер лигата.
Во есенската полусезона ракометарите на Охрид забележаа 10 победи во 14-ет натпревари, а како одлучувачки победи „Макракомет“ ги издвојува над Радовиш (29-19) и Работнички (24-20).
– Ние како тим сме задоволни од постигнатиот успех во првата полусезона. Целта на клубот беше пласман во завршницата, во плејофот. Што се однесува до пролетниот дел, амбициите се да направиме што подобар успех и да се прикажеме во добро светло. Она што го посакуваме е да бидеме добро пласирани, а со тоа и да обезбедиме место во Европските натпреварувања за наредната сезона. – рече Горан Печенковски.
Во Охрид ракометниот клуб беше прогласен за најдобар, а спортистот и тренерот на годината истo доаѓаат од клубот кој е заштитен спортски знак на градот.
Ohridnews