Со едногласна одлука на Управниот одбор на клубот УО беше проширен на осум членови. Голем акцент на отворенотo собрание се стави на работењето на ракометна школа која функционира во склоп на клубот Охрид 2011. Во школата членуваат 80 дечиња, а тренинзите се одвиваат три пати неделно.
Охридскиот клуб во финишот на есенската полусезона имаше гостување во Чаир кај екипата на Ринија од каде едвај извлекоа жива глава. Подебелиот крај од прекинатиот натпревар во Чаир, го извлече Охрид 2011, кој заработи драконски казни од 120 000 денари, три месеци суспензија за тренерот на охриѓани Горан Андоновски и одземање на еден бод од бодовното салдо.
Новоформираниот УО одлучи, клубот Охрид 2011 испрати жалба до Ракоментата федерација на Македонија за исходот на казната.
За ваков ист случај повлекување на екипата и напад на службено лице, Ринија на дуелот со Охрид минатата сезона беше финансиски помилувана. Единствено санкционирани од тој немил настана беа двајца ракометари на Ринија, што е сосема спротивно од висината на казната за РК Охрид.