Ракометниот клуб Охрид реагира на информирањето на одредени медиуми по повод соопштението со резултатите од тестирањето на вирусот ковид -19. Клубот смета дека информирањето е тендециозно и дава погрешна слика за случувањата во екипата.

Во Охрид нема втор, ниту нов бран на заразени од вирусот ковид -19. PCR тестовите на ракометарите, стручниот штаб и логистиката во клубот се направени веднаш после откривање на првиот позитивен случај во екипата. – стои во соопштението од РК Охрид.

„Гладијаторите“ во текот на денешниот ден инфомираа за четири позитивни случаи на вирусот ковид -19 и со првите два бројката достигна до вкупно шест.

OhridNews

Четири нови случаи на ковид -19 во РК Охрид