– Денес се собраа над 2800 луѓе публика на натпреварот РК Охрид – РК Струга. Голема благодарснот до нив. На сите ни е тешко што имаме само два порази во Охрид и тоа и двата се кога салата е целосно полна. Ние мораше да одиграме подобро, мислевме дека имавме хемија во екипата но ништо од тоа. Секоја чест за голманот на Струга. И честитки за победниците. Но да знате дека не се даваме, дека ќе сториме се од себе да победиме со Радовиш, да поставиме долготраен систем кој ќе носи успеси и победи. Ваква публика, вакво дерби, ваков амбиент Вардар и Металург можат само да сонуваат. Ова е доказ и порака до новиот претседател Мукаетов, дека Охрид прв сака да ја добие подршката од РФМ за да прерасни во спортски ракометен центар. Останува ние да се трудиме повеќе и да успееме – истакнаа од клубот Охрид 2011.
Од охридскиот ракометен состав искажаа голема благодарност до двата политички блока во Охрид кои издвоија време да го посетат и збогатат “езерското“ дерби.