Ракометниот клуб Охрид во Скопје против составот на Металург ќе ги продолжи мечевите во плејофот од Суперлигата.
„Гладијаторите“ паузираа речиси три недели после премиерниот меч со Вардар кој го изгубија на домашен терен со 27-14. Натпреварот во спортската сала во Автокоманда ќе се одигра во среда со почеток во 18 часот и 30 минути.
Во втората рунда ќе се сретнат уште Пролет и Пелистер, додека Вардар со победа над Еурофарм Работник 38-29 ги заврши обврски.
OhridNews