Натпреварите од охридскиот ракометен претставник во Првата машка лига Охрид 2011 беа празник за охриѓани. “Гладијаторите“ на верната охридска публика им возвраќаа со маестрални и возбудливи мечеви.

– Годината што измина беше во знакот на ракометот во Охрид. Задоволни сме од посетата на нашите натпревари на домашен терен, која е најголема во Првата машка ракометна лига. Покрај тоа и нашите одлични претстави не допреа до поголемиот дел охридската бизнис елита да му помогнат на охридскиот ракомет да се издигне на едно повисоко ниво – потенцираат од клубот Охрид 2011.

Успесите на ракометарите на македонската репрезентација предничеше во 2012 година. На ракометната сцена Македонија доби ракометно “Ел класико“.

– Спортската 2012 година ја одбележа ракометната репрезентација која на континенталниот собир го освои петтото место. Македонскиот ракомет се збогати дербито помеѓу Металург и Вардар откако и двете екипи го зголемија квалитетот. Тоа се покажа во Лигата на Шампионите каде Металург беше и е најпријатнот изненадување додека тоа се потврди во финалето од СЕХА када се сретнаа Вардар – Металург – истакнаа од клубот.

По популаризацијата на ракометот како спорт во Охрид, ракометниот клуб Охрид 2011 широко ги отвори вратите за најмладите. Школата функционира од 2010, но најголемиот замав го зеде годинава.

– Во младинската школа од клубот Рк Охрид 2011 тренираат повеќе од 80 дечиња во две категории. Квалитетот кои го поседуваат дечињата го покажаа на неодамнешниот хуманитарен натпревар “Го сакам Охрид“. Воедно се отвори уште една самостојна ракометна школа “Седмерец“ што ќе го збогати охридскиот ракомет и ги поздравуваме – рекоа од клубот.

Од ракометниот клуб Охрид 2011 ја повикаа охридската публика да доаѓа во уште поголем број за заедно да ги прослават победите и успесите.

Мх.П.