Ждребката во Купот на Македонија немаше милост и на мегдан ги испрати големите ракометните ривали Охрид 2011 и Струга. Датумот и местото Ракоментата федерација на Македонија сеуште ги нема одредено, затоа охридскиот клуб испрати барање да биде домаќин на куп дуелот со Струга во кое стои :


– Не бевме во можност да присуствуваме на ждребањето за куп натпреварите.Од неофицијални извори сме информирани дека на начинот на ждребање кои сте го направиле, сте одредиле во првото коло на купот да се сретнат екипите на Охрид и Струга.

Сакаме да ве информираме дека поради подобрите инфраструктури услови кои ги има спортската сала во Охрид бараме натпреварот помеѓу овие две екипи да се игра во Охрид – стои во соопштението од клубот Охрид 2011.

Минатата година “гладијаторите“ токму со победата над Струга обезбедија пласман во втората фаза од Купот на Македонија.

Мх.П.