Ракометниот клуб Охрид со шестдневен тим билдинг во еден од најлуксузните хотели покрај охридската ривиера „Инекс“ ги финишираше подготовките за новата сезона во македонската ракометна елита.

„Гладијаторите“ престојот во Хотелот Инекс го искористија да ги наполнат батериите од напорните подготовки кои започнаа на 8 август и да го кренат духот во екипата.

  • Најпрво се одморивме, а потоа низ разговори помеѓу нас и стручниот штаб анализиравме што треба да поправиме пред почетокот на Супер лигата. Екипата претрпе одредени промени, а овој тим билдинг добро ни дојде да се запознаеме и зближиме. – коментираат ракометарите.

РК Охрид новата сезона ќе ја започне в недела (19:30 часот) со мечот против Пролет во Скопје. Премиера пред охридската публика „гладијаторите“ ќе имаат во втората рунда против составот на Бутел од Скопје.

OhridNews