Ракометната федерација на Македонија го објави распоредот на мечевите од Првата машка ракометна лига. Ракометарите на Охрид 2011 шампионатот го отвораат на гостински терен против Радовиш додека премиерата пред домашната публика ја имаат против Ѓорче Петров 64.


Супер дербито со Струга е закажано на 4 ноевмри во седмата рунда, а први гостуваат ракометарите на Охрид. Првенството охриѓани го затвараат на 1 декември против Кавадарци. Во минатата сезона ракометот во Охрид доживеа ренесанса благодарение на ракометарите кои со својата борбеност и посветеност кон клубот беше на чекор од пласман во Супер лигата.


Комплетниот распоред на РК Охрид за есенската полусезона :

1. коло 22/23 09 2012
Радовиш РК Охрид 2011
2. коло 29/30 09 2012
РК Охрид 2011 – Ѓорче Петров
3. коло 06/07 10 2012
Вардар Полог – РК Охрид 2011
4. коло 13/14 10 2012
РК Охрид 2011 – Драчево
5. коло 20/21 10 2012
Прилеп 2010  РК Охрид 2011
6. коло 27/28 10 2012
РК Охрид 2011 – Младост 09
7. коло 03/04 11 2012
Струга  РК Охрид 2011
8. коло 10/11 11 2012
Јехона РК Охрид 2011
9. коло 17/18 11 2012
РК Охрид 2011 – Работнички
10.коло24/25 11 2012
Риниа М РК Охрид 2011
11.коло01/02 12 2012
РК Охрид 2011 – ГРК Кавадарци

Мх.П.