Ракометниот клуб Пелистер со официјално соопштение демантираше дека управата на клубот поднесла колективна оставка два дена пред големото дерби со Ракометниот клуб Охрид во Супер лигата.
– Почитувани битолчани, љубители на ракометот, симпатизери на РК Пелистер –Битола. Управниот одбор на РК Пелистер заедно со стручниот штаб ги демантира сите невистини, лаги кои денеска на седницата на Советот на Општина Битола ги кажа Борче Корлевски во врска со поднесени оставки од страна на сите членови на одборот на директори во спортското друштво.
Со промената на новата локална самоуправа ние како Управен одбор на РК Пелистер изјавивме дека стоиме на располагање и дека сме подготвени за продолжување на професионалното работење,а не дека комплетно како Управен одбор си поднесуваме оставки. Ние како и претходно така и сега сме концентрирани на работата на РК Пелистер.Функционирањето на РК Пелистер е поважно од сите претходни ,сегашни и идни управи и затоа во овие мигови кога РК Пелистер е во нагорна линија потребни се сите кои сакаат да помогнат.
Денес многу лажни, невистинити,неточни информации се пласираа во медиумите, интернет порталите со цел да се соберат политички поени на штета на РК Пелистер. Општината е единствен акционер и како таква, го имаше назначено овој Управен одбор во кои членуваа луѓе од секаков профил, кои се залагаат за доброто на клубот. Бордот на директори може да се прошири и со тоа би бил поефикасен, за сите заедно да работиме за доброто на нашата светост РК Пелистер -Општина Битола, како единствен акционер и сите битолски бизнисмени за силен и јак Пелистер бидејќи тоа е од корист на сите нас како граѓани на Битола. – стои во соопштението од битолчани.
Битолските „зелено бели“ имаат финансиски потешкотии, но тие не се осеќаат на резултатски план, бидејќи се наоѓаат на првата позиција на табелата.
Управата на Пелистер замина од клубот два дена пред дербито со Охрид
Фото: Архива
OhridNews