Ракометниот клуб Струга утре (сабота) со почеток во 18 часот со ревијален натпревар во Спортскиот центар „Тими“ ќе одбележи 70-годишен јубилеј.

На ревијалниот натпревар ќе се појават старите и помладите ветерани и ќе се сретнат со моменталниот тим на Струга кој се натпреварува во Супер лигата.

Струга години наназад и се` уште е расадник на македонски репрезентативци и утре со одбележувањето на големиот јубилеј градот ќе го потврди својот заслужен епитет.

OhridNews