Ракометниот клуб Струга обезбеди учество во 1/4 финалето во Купот на Македонија, откако со мининални 33-32 ја совладаа Преспа во осминафиналниот дуел.


Четвртфиналната фаза во Купот на Македонија се игра по групи. 16-те екипи се делат во четири групи, а победниците од групите играат на завршниот турнир кој традиционално се игра во мај месец.

Покрај екипата на Струга учесник и носител на една од четирите групи ќе биде охридскиот клуб кој ја освои шампионската титула во есенската полусезона во Супер лигата.

По пат на ждрепка ќе се одредат групите и лесно може да се случи Охрид и Струга да паднат во иста група.

OhridNews