Европскиот вицешампионот од 2004 и 2007 година Флензбург е противник на македонскиот ракометен првак Вардар во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.

Не беше воопшто среќно лицето на преставникот од Флезбург, Дирк Шмерке по добивањето на Вардар за противник во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.
– Ќе биде тежок двомеч, имаме голем респект за Вардар и знаеме колку е тешко да се игра во Скопје. Ќе биде интересо и ние ќе дадеме се од себе да стигнеме до фајнл форот. Вообичаено е предноста кога вториот меч се игра дома, но во четвртфиналето мора да се биде на високо ниво на двата дуели. Видовме како одигра Вардар против Хамбург и знаеме што да очекуваме – изјави Шмерке.
М.П.










