Новиот шеф на стручниот штаб на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ, изрази задоволство од текот на подготовките на клубот кои се одвиваат на брегот на Охридското Езеро.

Навистина сум презадоволен од почетокот, како работат момците, од залагањето, од односот на сите во клубот и имам само зборови на благодарност. Фокусот е на нас. Имаме нова екипа ќе ни треба малку повеќе време да се воиграме, но ќе гледаме што побрзо да влеземе во форма и што порано да даваме добри партии, изјави Ројевиќ.

Борис Ројевиќ – Тренер на ГРК Охрид. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Целта е да дадеме максимум на секој натпревар, додава стратегот на „гладијаторите“, посочувајќи дека Охрид има нова екипа која се уште не одиграла ниту еден натпревар.

Ќе ни треба време да видиме до каде сме, сигурно е дека наши амбиции се ГРК Охрид да почне да победува против најсилните екипи во Македонија, истакна Ројевиќ.

Тренерот Ројевиќ презадоволен како течат подготовките на ГРК Охрид

Г.М.