Германскиот таблоид Билд, објави фотограгија на која Арјен Робен е “посинат“ под левото око. Веднаш тргнаа лавината шпекулации оти тоа е доказ за блиската средба меѓу него и Франк Рибери на полувремето од мечот со Реал Мадрид.


Таблоидот тврди дека Робен и Рибери се соочиле на полувремето во соблекувалната околу тоа кој да изведе слободен удар во финишот на првиот дел, кој пак го изведе Тони Крос.

Портпаролот на Баерн, Маркус Хервик, не откри детали, кратко одговарајќи: Тоа шо се случи во соблекувалната, ќе остане во соблекувалната.

Ohridnews