Навивачите на Баерн Минхен сеуште неможат да го преболат поразот од Челси во финалето од Лигата на Шампиони. Пријателскиот натпревар одигран помеѓу Холандија и Баерн Минхен на Алијанц Арената, нема да му остане во добро сеќавање на Арјен Робен.

Холанѓанецот Робен во игра влезе последните петнаесет минути од мечот, а лутите навивачи поради промашениот пенал со Челси го исвиркуваа цело време.

Најголем критичар на неспортскио гест на навивачите на “баварците“, беше соиграчот на Робен од Баерн Минхен, Тони Крос.

– Исвиркувањето на Робен е најголема глупост до сега која сум ја видел на Алијанц Арената – потенцираше Крос.

Мечот помеѓу Баерн Минхен и Холандија, им припадна на германците со 3-2. Стрелци за “баварците“ беа Гомез, Крос и Петерсе. За “лалињата“ прецизни беа Хунтелар и Нерсинг.

Мх.П.