Актуелниот првак Баерн Минхен на гостувањето во Манчестер извлече поволно реми играјќи 1-1. Холандскиот репрезентативец Арјен Робен е убеден во пласман во полуфиналето иако „црвените ѓаволи“ се преставија во добро светло.

– Двете екипи одиграа добар меч. Манчестер Јунајтед играше многу дефанзивно и опасни беа само по контранапади. Ремито 1-1 е добар резултат. Ние во следниот натпревар ќе ги земеме работите во наше раце и ќе се решиме Манчестер пред своите гледачи – рече Робен.

Холанѓанецот имаше неколку обиди за да ја затресе мрежата, но овој пат како победник излезе „единицата“ на англичаните Давид де Геа, кој имаше неколку бравурозни интервенции.

Мх.П.