Од трагичар до херој. Таков е патот на холандскиот интернационалец Арјен Робен кој беше јунакот во триумфот на Баерн над Дортмунд. Во ланското финале на домашен терен, на “Алијанц арената“ против Челси, Робен во продолженијата не реалзираше пенал што беше посочен како главен виновник за порзот. Една година подоцна ситуацијата драстично се промени.


– Сонував за овој момент. Пред мечот имав чувство дека тоа е тоа и дека денес ќе победиме. Тоа и се случи, освојувањето на ЛШ е нешто неверојатно. Ние влеговме во историјата. Прво ја совладавме Барселона, а потоа победивме на Вембли, подобро не можеше – рече Робен.

– Не влеговме добро во мечот, па морав да направам повеќе тактички замени. Фаворитската улога ни ги “замрзна“ нозете во првите 20 минути од мечот. На крајот се испадна одлично за нас, им честитам на фудбалерите на Борусија за супер финалето – потецираше Хејкенс кој клупата на Баерн ја препушта на Пеп Гвардиола.


 – Одигравме неверојатен меч, и сите сме исцрпени. Потребен ни е добар одмор – рече Мулер.

– Ова беше исклучително тежок натпревар. Борусија нему дозволи на Баерн да се разигра. Ова беше најдобриот натпревар за Робен. По солзите во неговото лице се виде дека даде се од себе – истакна легендата на германскиот фудбал, Франц Бекенбауер.

ЛШ : Робен го лансираше Баерн Минхен на врвот од Европа (видео)

ЛШ : Навивачите на Баерн Минхен “полудеа“ на “Фејсбук“

Медиуми : Робен го скрши проклетството на Баерн

“Петката“ на Баерн “само“ за трето место на вечната листа во ЛШ

Хејкенс обезбеди место во легендите

Манџукич ќе останеше без медалот од ЛШ (видео)

Фудбалерите на Борусија разочарани но горди по поразот во финалето

ohridnews