Полскиот пилот Роберт Кубица следната сезона ќе се врати во елитното Формула 1 друштво, откако го официјализираше договорот со тимот на Вилијамс.

33-годишниот Кубица пред осум години на Рели трката во Андора имаше страотна сообраќајна несреќа. Полјакот после неколкудневна неизвезност и дузина операции на телото и главата преживеа, но мораше да се откаже од настап во Ф1 циркузот.

  • Патот до враќањето во Ф1 беше многу тежок, но, она што изгледаше невозможно сега гледам дека е ралност. Ќе признаам искрено дека враќањето во Ф1 е едно од моите најголеми достгигнувања во мојот живот. – изјави Кубица.

Кубица од 2006 до 2010 година беше дел од Ф1, а ги бранеше боите на БМВ Заубер и Рено. Во четири сезони полскиот пилот забележа една победа и еднаш стартувал од пол позицијата.

Парнтер на Кубица во Вилијамс ќе му биде Џорџ Расел.

OhridNews