“По многу размислување и дискусии клубот одлучи да го ослободи Гаджи Гаджиев од неговата функција како тренер. Искрено му благодариме на Гаджиев за неговата работа особено во ова сезона. Гаджиев има направено многу за фудбалот не само во Дагестан туку и во Русија. Се надеваме дека и понатаму ќе биде од корист со неговото знаење и искуство во фудбалот. Ние донесовме одлука клубот да го водат Андреј Гордеев и Роберто Карлос. Андреј Гордеев кој е искусен специјалист и има работено како тренер и веруваме дека ќе му помогне на клубот во овој тежок период“, соопшти клубот.


Важно е да не се заборави дека клубот ќе продолжи со континуитетот на подготовка на тимот во која Гаджиев вложи многу труд. На Гордеев ќе му помага Роберто Карлос кој е лидер на тимот и со своите идеи е вистински диригент и на теренот и надвор од него, претставува голем авторитет за играчите со што тренерскиот штаб станува посилен. Се надеваме дека со работата на Гордеев и Карлос нема да имаме потреба од друго тренерско решение. – изјави генералниот директор Герман Анатолиевич Чистјаков на прес конференцијата што ја имаше клубот.

Анжи Макхачкала за оваа 2011/2012 сезона се засили со звучните имиња Роберто Карлос (од Коринтијанс), Јури Жирков (Челзи), Самуел Ето’о (Интер) и Диего Тардели (Атлетико Минеиро).