Легендарниот бразилски фудбалер, бекот на Коринтијанс, а порано и на Реал од Мадрид Роберто Карлос следните две години ќе настапува во рускиот прволигаш. Анжи од Макачкала.
Минатата сезона Анжи за малку избегна испаѓање од лигата. Затоа оваа година има поголеми амбиции. Карлос ќе дебитира на мечот од рускиот куп против Зенит.
Роберто Карлос (37 год.) во 2010 година беше избран за најдобар бек во бразилскиот шампионат. Но во последно време беше исвиркуван од навивачите поради испаѓањето на Коринтијанс од Копа Либертадорес.
За две години во Анжи Карлос ќе инкасира 10 милиони долари. „Одам во Русија од љубопитност, а не поради парите“ изјави Роберто Карлос кој со репрезентацијата на Бразил победи на Мундијалот во 2002 година во Кореја и Јапонија.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...