Холанѓанецот Робин Ван Перси го постигна првиот хет трик во дресот на Манчестер Јунајтед, кој беше доволен за 3-2 триумф над Саутемптон. Победата на “црвените-ѓаволи“ беше уште позначајна поради фактот што тоа беше 1000 меч на клупата на легендарниот менаџер Сер Алекс Фергусон.

Јунајтед на два пати се најде во негатива, но најде начин како да се врати во мечот. При резултат од 2-1, Ван Перси не реализираше најстрога казна, но тоа не го деконцентрираше напаѓочот. На укажаната доверба врати со два подогоци со кои го заврти резултатот.

За Ван Перси ова беше 100 гол во Премиер лигата.