Центар за култура „Григор Прличев“
Од 01.03.2024 - 20:00 до 01.03.2024 - 22:00
Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една нова „Импровокација“, овојпат, со роденденски шмек.
Ве чекаме заедно да го прославиме осмиот роденден на „Импровокација“, велат актерите.
Комичното шоу ќе биде изведено во петок, 1 март во 20:00 часот, на малата сцена на Народен Театар Охрид. Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066 и истите се по цена од 300 денари.

Шоуто претставува уникатна форма на театар, каде преку еден неформален и забавен начин се креира театарската игра со цел да се доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Покрај уникатната форма на изведба, карактеристично за шоуто е што секогаш е различно.
OhridNews












