Најуспешниот тенисер на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер го освои завршниот АТП турнир во Лондон. Во финалето во „О2“ арената Федерер во исклучително возбудлив меч го совлада Жо Вилфред Цонга со 2:1 (6:3; 6:7; 6:3)

„Три пати по ред губам од Роџер, едноставно тешко е да се победи овој извонреден играч“-изјави по поразот во финалето Цонга.

За извонредниот Федерер мечот во Лондон беше 100 финален во кариерата во кој дојде до 70 победа.

„Ова е сјајна сезона во која имав одлични мечеви со Цонга и се надевам дека ќе се сретнеме повторно на Олимпијадата тука во Лондон догодина. Беше напорен меч во кој за победа морав да го извлечам и последниот атом енергија“.-истакна победникот Федерер.

Со завршниот мастерс турнир на најдобрите на АТП листата завршува сезоната 2011 во која играч број еден на светот е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Г. Момироски