Брендон Роџерс е новиот менаџер на Ливерпул. Поранешниот “шеф“ на Свонски, Ридинг и Ватфорд, го превзема местото на клупската легенда Кени Далглиш, кој на крајот на сезоната доби отказ поради слабите резултати.
Ливерпул заврши осми сезонава, но го освои Лига купот и преку него обезбеди учество во Лига Европа.
– Работата во ваков клуб како Ливерпул е голем предизвик за мене. Ниту во моите најдобри сништа не очекував работа на “Енфилд“. Ќе воведам нови методи кои треба да го вратат “црвениот“ тим онаму каде што му е и местото, во врвот на англискиот и европскиот фудбал -рече Роџерс, кој потпиша на три години.
Колку и да звучат “слатко“ зборовите на Роџерс, факт е дека Ливерпул и тоа како заостанува зад конкурентите за титула во Англија. Само за илустрација годинава Ливерпул освои 52 бода, 37 помалце од водчкиот двоец Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...