Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс, истакнал дека неговиот тим ги загубил шансите за освојување на титулата и дека новиот шампион на Англија ќе биде Манчестер Сити.
Ливерпул, во претпоследното коло, во понеделникот, одигра 3:3 во Лондон против Кристал Палас иако до 79.минута имаше предност од 0:3.
„Ни требаше победа на овој меч за да продолжиме со притисокот кон Манчестер Сити. Тие имаат да одиграат уште две средби до крајот, иако ќе им биде тешко, ние моравме да победиме против Кристал Палас. Мислам дека Сити ќе победи на двете средби и дека ќе биде новиот шампион“, рекол Роџерс.
„Оваа сезона е неверојатна за Ливерпул, до сега освоивме 81 бод што е неверојатно достигнување. Секако дека сега сме разочарани, но не се предаваме. Треба да одиграме уште еден натпревар на Енфилд, за крај на сезоната“, дополнил Роџерс.
„Макфакс“