Една 61-годишна Бразилка родила близнаци, момче и девојче, пренеле бразилските медиуми. Бебињата, Софија и Роберто, дошле на свет во вторникот во Сантош, град оддалечен 100 километри од Сао Паоло. Близнаците биле родени во 31 седмица од бременоста и тешки биле само 900 грама, но биле здрави, навеле лекарите.

Мајката Антонија Летиција Асти доста тешко го поднела породувањето, но и таа сега се чувствувала добро. Близнаците биле зачнати во третиот обид за вештачко оплодување, откако Антонија и нејзиниот сопруг во последниве десет години безуспешно се обидувале да посвојат дете.