Агресивниот гавран продолжува да напаѓа од дрвата спроти полигонот за мали спортови, кај градинката „Јасна Ристеска“ и ОУ „Григор Прличев“.

Изутринава родител со две малолетни деца е најновата „жртва“ на агресивната птица, за која OhridNews извести пред неколку дена.

Оние кои секојдневно поминуват оттука тврдат дека гавранот агресивно се однесува без причина и ги напаѓа луѓето кои поминуваат по една од најфрекфентните улици во градот.

Инаку, охридските ветеринари кои најавија увид на лице место, истакнуваат дека агресивноста на животните се манифестира на различни начини, а причини за истата можат да бидат повеќе фактори како наглите климатски промени, чувањето територија и секако човекот.

OhridNews